Токио тестира разладни точки за ЛОИ

48

Организаторите на Летните олимписки игри в година во Токио ги тестираа водните спрејови и воздушните клима-уреди на еден одбојкарски меч, кои треба да помогнат во битката против високите температури што се очекуваат за време на ЛОИ.
– Не можеме да ја контролираме климата, мораме да се справиме со тоа врз основа на фактите и реалноста. Дури и да создадеме сенки или водна магла, тешко е да се покрие целата област – додаваат организаторите.

Пожарникарски возила што ќе пумпаат водна магла, како и климатизираните шатори треба „психолошки“ да им помогнат на посетителите на Игрите в година. Организаторите најавија дека вакви разладни точки ќе има на сите олимписки објекти.
– Сѐ ќе зависи од конкретната ситуација, но ќе подготвиме делови за ладење, како и освежителни напитоци за посетителите на Игрите – изјави Кен Вакабајачи, задолжен за зачувување на животната средина во Токио.