Тениските судии и објавуваат бојкот на Серена Вилијамс

317

Скандалот околу Серена Вилијамс и нејзиното однесување во финалето на Ју Ес Опен добиваат нова димензија. Причината е дека тениските судии размислуваат за бојкот на освојувачката на 23 Гренд слем титули. За тоа навестил пред „Тајмс“ анонимен колега на судијата Карлос Рамос.

Незадоволството на судиската екипа е насочено кон Вилијамс и Тениската федерација на САД (УСТА).

– Тој бил фрлен во волците и растргнат- вели судијата.

Последица може да биде бојкот на дуелите на Американката, кој ќе продолжи додека Серена не се извини за своите зборови кон Рамос, кого го нарече „лажго“ и „крадец“.

И УСТА, и ВТА застанаа на страната на Вилијамс и всушност ги потврдија нејзините зборови дека има сексизам во тенисот. Во исто време, Ју Ес Опен ја казни Серена за нејзиното однесување, додека Рамос беше поддржан од ИТФ.

Судиите се незадоволни од односот и кон Мохамед Лајани кој пак беше критикуван за разговорот со Ник Кириос, кој се сметаше за нешто како тренерски инструкции. Судијата не доби казна, но до крајот на Ју Ес Опен тој не присуствуваше на големите мечеви.