Спортски вести

92

 

КОШАРКА – НБА

О’Нил ја одбра најдобрата петорка на сите времиња

Великанот на светската и на НБА-кошарката, центарот Шекил О’Нил, ја избра најдобрата петорка на сите времиња. Изборот претставува моќна играчка машинерија. О’Нил се одлучи за следниве славни кошаркарски имиња: Алeн Ајверсон, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Шекил О’Нил.
– Не ме интересира кој што ќе рече за овој мој избор. Не постои тим што би можел да ги победи овие мои кошаркари во серија од седум натпревари – изјави О’Нил. Г.И.


РАКОМЕТ
Селекцијата на САД ќе игра на СП

Советот на Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука селекцијата на САД да биде претставник на Северна Америка на Светското првенство (СП) во 2021 година во Египет. Поради пандемијата на коронавирусот, Северна Америка во неколку наврати го одложуваше квалификацискиот турнир за пласман на Мундијалот. За разлика од одлуката за САД, Советот на ИХФ не се изјасни по барањето на Ракометната конфедерација на Јужна и Средна Америка, Чиле да биде нивниот четврти претставник на СП 2021 во Египет. Та.Д.