Спортски вести

37

Ферстапен ја прекина низата победи на Хамилтон

Холандскиот возач во Формула 1, Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул, победи на трката за големата награда на Британија, што се возеше како и минатата недела во Силверстоун, на нејзиниот 70-ти роденден.
Во петтата трка сезоната, Ферстапен ја прекина низата победи на Мерцедес и ја оствари деветтата победа во својата кариера.
Второто место го освои актуелниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон, а третото место му припадна на Финецот Валтери Ботас, кој не ја искористи пол-позиција на стартот.
Четврти низ целта мина Чарлс Леклерк од Ферари, а во топ 10 се најдоа Александар Албон, Ленс Строл, Нико Хулкенберг, Естебан Окон, Ландо Норис и Данил Квјат.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 106 поени, пред Ферстапен, кој има 77 и Ботас со 73.
По двете трки на патеката Силверстоун, следната ќе се одржи за седум дена во Барселона, Шпанија.


Прв триумф за мотоциклистот Биндер и КТМ

Јужноафриканецот Бред Биндер (КТМ) ја оствари својата прва победа на гранпри-трката во Брно, Чешка, која се возеше во рамките на Светското првенство (СП) во мотоциклизам – Мото ГП, а исто така стана првиот возач што триумфира во најсилното натпреварување возејќи австриски мотоцикл КТМ.
Ова беше трет настап на Биндер во кралската класа, во која пристигна откако заврши на второто место на ранг-листата на возачи во Мото 2 минатата година. Јужноафриканецот беше светски шампион во класата Мото 3 пред четири години.
До својата прва победа Биндер дојде пред Италијанецот Франко Морбидели (Јамаха), кој водеше до половина од трката, но на крајот заостана 5,266 секунди зад Биндер. И за Морбидели ова беше прво качување на подиумот во трките во Мото ГП. Трет трката ја заврши Французинот Јохан Зарко (Дукати-Авинтија) со заостанување од победникот за 6,693 секунди.
Во генерален пласман, возачот и победник на првите две трки во сезоната, Французинот Фабио Квартаро (Јамаха), заврши на седмото место. Од двете победи, односно трите трки, Квартаро собра 59 поени, односно 17 повеќе од второпласираниот, Шпанецот Маверик Виналес (Јамаха), кој во Брно заврши на 14-то место, со само да освоени бода.
СП во мотоциклизам продолжува со трките на Ред Бул Ринг во Спилберг (Австрија), кои се закажани за 16 и 23 август.