Спортски вести

215

TEНИС

Ѓоковиќ се откажа од настапот во Монтреал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално ќе го пропушти мастерс-турнирот во канадскиот град Монтреал, потврдија организаторите на турнирот.
Како што пренесуваат канадските медиуми, организаторите на споменатиот АТП-турнир потврдиле дека Ѓоковиќ годинава нема да биде меѓу учесниците.
Како што е познато, Србинот не може да се натпреварува во Канада, во која важат истите правила како и во САД, односно на невакцинираните странски државјани не им е дозволен влез во државата.
Српскиот тенисер триумфира во Канада во 2007, 2011, 2012 и 2016 година, а на овој турнир не играл од 2018 година, кога во третото коло беше поразен од Гркот Стефанос Циципас.
Турнирот во Монтреал ќе се одржи од понеделник до 14 август, а вкупниот награден фонд изнесува 6.573.785 долари. Во Монтреал, од познатите тенисери е предвидено да учествуваат Данил Медведев, Рафаел Надал, Енди Мари… Г.И.


ФУДБАЛ

САД на Андоновски и понатаму водат на ранг-листата на ФИФА

Светскиот шампион, женската репрезентација на САД, и понатаму води на рангирањето на Светската фудбалска федерација (ФИФА), кое во најновото издание има повеќе промени во првите 10 и рекорден број селекции на листата.
Во јули се одиграа пет големи турнири низ целиот свет. Се одржаа континенталните првенства во Европа, Африка, Јужна Америка, Северна Америка и во Океанија, сите и како квалификации за пласман на Светското првенство в година. Од објавувањето на претходната листа на ФИФА, на 17 јуни, одиграни се 221 натпревар, што донесе значителни измени во пласманот. САД, чиј селектор е Влатко Андоновски, водат, а сега второпласирана е Германија (напредок за три места), која беше финалист на Европското првенство. Шведска сега е трета (пад за едно место). Новиот европски шампион, Англија, скокна четири позиции и сега е на четвртото место, а потоа се Франција (минус две места), па Холандија (-2), Канада (-1), Шпанија (-1)…, пишува ФИФА на својата интернет-страница.
Следното издание на ранг-листата на ФИФА треба да биде објавено на 13 октомври, пред ждрепката за Светското првенство.