Спасиќ и Златаров на подготовки со светската елита во Шпанија

343
Александар Златаров

Најдобрите македонски кајакари во спуст на диви води, Љубомир Спасиќ и Александар Златаров, членови на Кајак кану клубот (ККК) „Арка-Борец“ од Велес, од утре, 22 февруари па до 8 март, ќе се подготвуваат во Емпуриобрава, Шпанија.

Тие таму ќе тренираат со најдобрите европски и светски кајакари и со тренери од Хрватска, Словенија и Чешка. Контролните натпревари со спуст ќе започнат кон средината на март, а првите натпревари во Европските купови во април, на Треска кај Скопје, во Словенија и во Германија, на кои македонските кајакари ќе атакуваат на пласмани на победничкиот пиедестал. Љубомир Спасиќ години наназад е меѓу најдобрите 10 во Европските купови и е освојувач на сребрен медал.

– Овие подготовки во Шпанија се од големо значење за мене и за Златаров. Тие би требало да ни помогнат што поподготвени да ја пречекаме новата сезона, што подобро физички да се подготвиме, но и да поработиме на усовршување на техниката – истакна Спасиќ пред заминувањето за Шпанија. Л.Д.

Љубомир Спасиќ