Солт Лејк Сити е во дилема за кои ЗОИ да се кандидира

31

Солт Лејк Сити би можел да го насочи вниманието на кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2034 година, повеќе отколку за Игрите четири години порано, откако минатиот месец јапонскиот Сапоро, се кандидира за домаќин на ЗОИ 2030, соопштија во средата членовите на новоформираниот Организациски комитет (ОК). Новиот ОК во наредните месеци треба да направи подетална анализа околу добрите и лошите страни за наддавање за ЗОИ 2030 или 2034 година, рече Фрејзер Булок, претседател на ОК и клучен човек на ЗОИ 2002, кои се одржаа, исто така, во Солт Лејк Сити.

– Желбата на Сапоро да биде домаќин во 2030 година и најавите од претседателот на ИОК, Томас Бах, дека одлуката за таа понуда набргу ќе биде донесена, беше катализатор да формираме ОК на Солт Лејк Сити и да се обидеме да донесуваме брзи одлуки – вели Булок.