Серена Вилијамс се повлече од „Ролан Гарос“

194

Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека се повлекува од „Ролан Гарос“ пред натпреварот од четвртиот круг што требаше да се одигра денеска со Марија Шарапова.

Серена објави дека причините за повлекувањето ќе бидат откриени на прес-конференција.

Таа неодамна се врати на теренот по породувањето во септември минатата година. За неа, Ролан Гарос беше првиот Гренд-слем турнир по скоро една година, а на последниот – Австралија опен од минатата сезона, ја освои својата 23-та титула од турнирите од „големата четворка“.

На годинашниот Ролан Гарос, Серена загуби само еден сет.