Серена Вилијамс се запозна со квалитетите на Осака

186

Јапонската тенисерка Наоми Осака (20) продолжува со одличните игри по триумфот во Индијан Велс пред пет дена. Таа синоќа во првото коло од Мастерсот во Мајами ја совлада Серена Вилијамс со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

На Јапонката која во Индијан Велс стигна до трофејот, елиминирајќи многу подоброрангирани тенисерки на ВТА-листата, меѓу нив и најдобрата Симона Халеп, во Мајами и беа потребни само еден час и 18 минути да слави победа над Вилијамс.

Следна противничка на Осака ќе и биде четвртата носителка Елина Свитолина.

Успешно враќање на терените имаше Викторија Азаренка од Белорусија која беше долго надвор од тенисот поради тешката повреда на раката.