Саудијците нудат 400 милиони фунти за мечот Фјури – Џошуа!

215

По освојувањето на титулата светски првак во бокс во тешка категорија во верзијата ВБЦ од страна на Британецот Тајсон Фјури, сѐ уште не е познато кој ќе биде неговиот следен ривал. Се споменуваат повеќе имиња, но Британците се надеваат дека е можно да дојде до борба за обединување на сите боксерски титули во тешка категорија, помеѓу Фјури и неговиот сонародник Ентони Џошуа (актуелен светски првак во верзиите ВБА, ИБВ и ВБО).

Еди Херн, промоторот на Џошуа, потврди дека таа борба сигурно ќе се случи, а според британскиот весник „Дејли мејл“, таа би можела да го сруши рекордот по големина на паричната заработка. Во Лас Вегас, Фјури и Вајлдер заработија многу пари, односно со договор секому му беа загарантирани по 28 милиони долари.

Имено, водечките луѓе на Саудиска Арабија го сметаат Фјури како клуч за отворање на државата кон странските туристи и се подготвени да издвојат дури 400 милиони фунти за да се одржи мечот помеѓу Фјури и Џошуа во нивната држава!