Рикардо: Треба да ја донесам втората најважна одлука во мојот живот

120

Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо сака неговиот следен договор со тим од Формула 1 да биде со соодветна сума за неговите квалитети. Австралиецот верува дека, влегувајќи во својата осма година во мотоспортот, тој заслужил посериозна плата и однос кон него.

По Големата награда на Франција, пилотот рече дека очекува разговорите меѓу него и Ред Бул да станат сериозни. Желбата на Рикардо е да го стори тоа пред трките во Австрија и во Велика Британија, кој тој ги опишува како „домашни“ за тимот.

Последните години околу Австралиецот има гласини дека ќе избира помеѓу Мерцедес и Ферари, откако неговиот договор со Ред Бул истекува. Минатата недела во западните медиуми имаше информации дека Мекларен е подготвен да му понуди голема плата, ако Фернандо Алонсо одлучи да го напушти британскиот тим.

Рикардо рече дека титулата кај пилотите ќе биде приоритет за него од сезоната 2019 и понатаму, но сега се враќа кон своите лични ангажмани во Формула 1, кои ќе му овозможи да ја исполнат таа цел.

– Приоритет е да се обидам да го направам автомобилот најсилен на патеката. Верувам дека е можно. Ова е првото нешто што доаѓа во мојот ум. Ако нема шанси да се случи тоа, тогаш треба да ги разгледам другите опции. Мислам дека како пилот давам многу. Твојата цена како натпреварувач е „X“ сума на пари. Таа треба да се дефинира и да се добива, во однос на она што си го дал на спортот. Чувствувам дека имам одредена вредност и сакам сите мои очекувања да бидат оправдани, бидејќи луѓето очекуваат од мене да ги оправдам нивните – рече Рикардо.

Рикардо ќе наполни 29 години во недела, а во неговата кариера има 137 трки и 7 победи.

– Ако не ја освојувам титулата и завршам четврти или петти, нема да има никаква разлика. Единствениот начин на кој мојата кариера може да направи чекор назад е ако престанам да се справувам добро. Не се плашам од ништо. Најтешко беше да се напушти Австралија и да дојдам во Европа. Не верував дека сум многу добар, но тоа беше важна одлука во мојот живот. Мојата одлука во 2019 година ќе биде втората најважна работа во мојот живот, по преселувањето од Австралија – заврши пилотот на Ред Бул.