Рејмонд победник во Охрид, Поп Ацев на втората позиција

223

Актуелниот светски првак, Французинот Аксел Рејмонд победи на Ултра маратонот на 25 километри, што се одржа денеска на Охридското Езеро. За Рејмон ова е втор триумф во Охрид, откако победи и на трката во 2013 година.

Втората позиција на маратонот му припадна на македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, а трет беше минато годишниот победник Франческо Џетини од Италија.