Рекорд на Кристоферсен на ноќниот слалом во Шладминг

40

Норвежанецот Крис Кристоферсен беше најбрз на 23-от ноќен слалом во Шладминг, пред 40.000 гледачи, во трка од Светскиот куп во алпско скијање. Таа беше четврта за него на оваа патека (претходно и во 2014, 2016 и во 2017 година), колку што има забележано и Австриецот Бенџамин Рајх.

Кристоферсен ја прокнижи третата победа сезонава, по слаломот во Леви и велеслаломот во Алта Бадиа, вкупно 21. во кариерата, од кои 17 се во слалом и четири во велеслалом. Тој води во генералниот поредок во Светскиот куп со 841 поен, како и во слалом со 522 поени. Во велеслалом е втор со 253 бода, 17 помалку од водечкиот, Словенецот Жан Крањец.

Л.Д.