Ред Бул се раздели со Рено по 12 години

54

Ред Бул потпиша двегодишен договор со Хонда и ќе ги користи своите мотори од следната сезона во Формула 1.

– Договорот со Хонда е почеток на ново поглавје за Ред Бул, кој има највисоки цели во Ф1 – освојување на титулата, изјави лидерот на тимот, Кристијан Хорнер.

На овој начин, Ред Бул завршува 12-годишна соработка со Рено, при што постигна 57 победи и освои четири шампионски титули во конкуренција на возачи и конструктори.

Од друга страна, Хонда ќе потпише договор со Ред Бул од сезоната 2019/2020. за снабдување на моторите на нивните два тима во Ф1, откако веќе соработува со Торо Росо.