Признанија за Бајлс, Хамилтон, Меси, Новицки…

70

Гимнастичарката Симоне Бајлс ја освои својата трета награда за најдобра светска спортистка на годината, „лауреус“, а во машка конкуренција признанието го поделија шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон и фудбалерот Лионел Меси, за кои тоа е прва ваква награда.

Американката Бајлс (22) освои пет златни медали во Штутгарт минатата година, со што стана најуспешната спортистка на светските првенства. Британецот Хамилтон (35) ја освои својата шеста титула во Ф1. Аргентинецот Меси (32) ја водеше Барселона до трофејот во Ла лига, негов 10-ти.

Наградата „лауреус“ се доделува од 2000 година. Бајлс е првата спортистка што две години по ред е најдобра, годинава првпат во една конкуренција двајца спортисти ја поделија наградата, а Меси е првиот избран за најдобар од екипен спорт. Од другите награди, Дирк Новицки ја доби наградата за животно дело, и тој е првиот кошаркар победник во таа конкуренција, во која награди во минатото добиле и Пеле, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Боби Чарлтон, Зинедин Зидан, Арсен Венгер, Сергеј Бубка, Ники Лауда, Едвин Мозес, Себастијан Коу итн.