По турнирот во Ставангер, тестови на ковид-19 за сите учесници

92
Карлсен веќе направи ковид-тест

ШАХ

Шахистите, судиите и сите други присутни на неодамна завршениот турнир во Ставангер, Норвешка, прават тестови на коронавирус. Норвешките медицински власти ги советуваа да го сторат тоа затоа што можеби биле во близок контакт со некој што бил позитивен на ковид-19. Овој турнир беше првиот настан одигран на класични табли со најдобрите светски играчи од почетокот на пандемијата. И покрај строгите здравствени и безбедносни мерки што беа преземени, сепак, турнирот сега е поврзан со коронавирусот.
Судиите, играчите и други добиле СМС во понеделникот вечерта од докторот на норвешкиот турнир, во која се бара да се тестираат што е можно поскоро и да останат во карантин додека не се дознае резултатот од тестот, пишува интернет-страницата „Чес“. За време на турнирот, кој се одржа од 5 до 16 октомври, беа преземени строги мерки против ковид-19 и персоналот и играчите имаа карантин 10 дена пред турнирот во хотелот каде што се одржа турнирот.