Почина светскиот мото-шампион Фаусто Гресини

132

Поранешниот двоен светски шампион во мотоциклизам во категоријата со 125 кубици, Италијанецот Фаусто Гресини (61), кој е роден во славната Имола, почина денеска во Болоња поради компликации од коронавирусот.

Гресини дебитира во 1983 година во шампионатот до 125 кубици, а две години подоцна ја освои титулата во истата класа. Втората титула успеа да ја освои во 1987 година, сезона во која успеа да слави на 10 трки.
Се натпреваруваше сè до 1994 година, а во кариерата триумфира на 21 трка.

По завршувањето на професионалната кариера, тој беше шеф на Gresini Racing, тимот што вози на „Априлија“ и се натпреварува во сите три категории во Мото ГП-шампионатот.