Поради жештината се потврдени утринските маратони на ЛОИ

39

Женскиот атлетски маратон и сите трки во брзо одење на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио в година се презакажани на други датуми, по претходната одлука за нивно преместување во Сапоро.

Организаторите ги сменија датумите за да им помогнат на спортистите, кои сега ќе мораат да патуваат и повеќе од 800 км северно од Токио, за да се натпреваруваат во маратон и во брзо одење. Така, женскиот маратон наместо на втори ќе се одржи на 8 август, а машкиот ќе се одржи на последниот ден од ЛОИ, како што е и досегашна традиција.

Сево ова беше направено поради високите температури во Токио во лето. Презакажаните атлетски трки ќе се одвиваат четири дена во низа (6-9 август), по претходна консултација со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и со Светската атлетика (меѓународното раководно тело на овој спорт). И двата олимписки маратона ќе почнат во 7 часот по локално време (23 часот по средноевропско), а една од трките во брзо одење во 5.30 часот по локално време.