Подобрена здравствената состојба на Михаел Шумахер

198

Михаел Шумахер е во свесна состојба откако во понеделникот беше примен во париска болница на лекување со матични клетки. Седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во болницата „Жорж Помпиду“ поради трансфузија на матични клетки кои намалуваат воспаление. Во 2013 година 50-годишниот Германец се здоби со тешки повреди на мозокот додека скијаше на Алпите.

Легендарниот возач на Формула 1 треба да биде пуштен од болница денес.

Мајкл Шумахер е во индуцирана кома од неговата несреќа на скијање, а специјализирана нега добива во неговиот дом во Лозана од септември 2014 година. „Ле Парисиен“ исто така тврди дека Шумахер два пати бил лекуван во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз, но секојпат бил примен под лажно име.

Неговиот престој во болницата во Париз привлече големо внимание на јавноста, па цело време Шумахер го придружуваа десетина агенти за безбедност.