Повеќе од 200 идеи за поедноставување и намалување на трошоците на ЛОИ

40

Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, кои беа закажани за јули годинава, во март беа одложени за една година, поради стравувањата од пандемијата на коронавирусот, која земаше сѐ поголем замав. Организаторите изјавија дека работат на повеќе од 200 идеи за поедноставување и намалување на трошоците за презакажаните Игри.

Главниот извршен директор на ЛОИ 2020, Тоширо Муто, говорејќи на прес-конференција, исто така откри дека организаторите не ја исклучиле можноста да го намалат бројот на гледачи, иако распоредот за натпревари засега е непроменет.
Во меѓувреме Јоширо Мори, претседател на ЛОИ 2020, одби да разговара за можноста за целосно откажување на Игрите.

– Не е во ред да разговараме за шпекулации засновани врз хипотетичко сценарио и затоа во таа насока не треба воопшто да се разгледува идејата за откажување на Игрите – вели Мори.