Павлов утре се бори за злато

143

Најдобриот македонски каратист и двократен европски првак во борби Емил Павлов (категорија до 60 кг) утре ќе се бори за златен медал во престижната Премиер-лига, која се одржува во Салцбург (Австрија). Во борбата за златото ќе се бори против Италијанецот Анџело Крешченцо. Со евентуална победа и 990 новоосвоени поени, Павлов ќе биде поблиску до врвот на ранг-листата за настап на Летните олимписки игри во Токио (ЛОИ), годинава. Според пријавените каратисти, Македонија во Салцбург ја претставуваат 11 натпреварувачи: Павлов, Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Глигор Петков, Столе Смилковски, Фаик Весели, Фери Исиќ, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Вероника Костовска.