Откажан е најголемиот маратон во светот

48

Додека од една страна поединечни спортови и лиги се враќаат во нормала по пандемијата на коронавирусот, на друга страна се откажуваат големи спортски натпреварувања.

Најголемиот светски маратон, оној во Њујорк, кој требаше да се одржи на 1 ноември годинава е откажан поради коронавирусот.

Организаторите на маратонот „New York Road Runners” објавија дека се одлучиле на ваков чекор по консултацијата со градоначалникот на Њујорк. Одлучено е дека трката претставува преголем ризик за здравјето и безбедноста на тркачите, волонтерите, на гледачите и на сите останати.

– Иако е маратонот икона и омилено случување во нашиот град, ја поздравувам одлуката на организаторите затоа што на прво место го ставија здравјето и сигурноста на гледачите и тркачите. Се радуваме што ќе бидеме домаќини на 50. маратонска трка во ноември, 2021 година – истакна градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

На минатогодишниот маратон е поставен нов светски рекорд кога низ целта поминаа дури 53.640 тркачи.

На учесниците за овогодинешната трка која е откажана ќе им биде понудено рефундирање на котизацијата или, пак, загарантирано место на маратонот во 2021, 2022 или 2023 година.