Организаторите најавуваат дека ЛОИ ќе се одржат летово

65

Нашите цели не се откажани. Контрамерките за ковид-19 се спроведуваат под претпоставка дека нема да имаме вакцина, па дури и ако не го направиме тоа, нашиот план е дека ќе можеме да ги одржиме Игрите, изјави портпаролот на ЛОИ, Маса Такаја, пренесоа британските медиуми

Нашата позиција останува дека ќе ги одржиме Игрите. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) јасно стави до знаење дека е апсолутно на иста страна со Токио. Нашите цели не се откажани, изјави портпаролот на Летните олимписки игри (ЛОИ), Маса Такаја, за британските медиуми, пренесе „Би-би-си“.
Одлуката за тоа на колку гледачи ќе им биде дозволено да присуствуваат во услови на ковид-19, ќе биде донесена во март.
– Не сме подготвени да ги видиме Игрите што би се одржале зад затворени врати. Очигледно сакаме да видиме што е можно повеќе гледачи и на тоа работиме со јапонската влада и сите меѓународни чинители, предводени од ИОК – вели Такаја.
Тој го отфрли неодамнешното истражување, според кое, 80 отсто од локалното население сака ЛОИ да бидат откажани или одложени, како и тоа дека тие можат да се одржат и без масовно вакцинирање.
– Најновите истражувања покажуваат дека луѓето сакаат ЛОИ да бидат одложени, но во тој тренд гледаме дека луѓето се подготвени да гледаат како Игрите продолжуваат во некоја форма. Нашите контрамерки за ковид-19 се спроведуваат под претпоставка дека нема да имаме вакцина, па дури и ако не го направиме тоа, нашиот план е дека ќе можеме да ги одржиме Игрите – вели Такаја. 


Јапoнија очекува да користи робот за тестирањата на ковид-19

Јапонскиот министер за здравство, Норихиса Тамура, во вторникот гледаше демонстрација на прототип на автоматизирана машина за тестирање на ковид-19, која користи роботска рака за земање примерок од нос, а резултатите може да ги испорача за околу 80 минути, пишува „Ројтерс“.
Системот, кој е сместен во стандардни подвижни транспортни контејнери, ќе може да обработи до 2.000 примероци секои 16 часа. Неговите програмери велат дека нуди поголема ефикасност и заштита за медицинските работници, кои дури можат да работат со тестирањето и од поголема оддалеченост, пишува „Ројтерс“.