Олимписките маскоти на промотивна турнеја во Европа

31

Маскотите на Летните олимписки игри во Токио накратко ја напуштија Јапонија и заминаа на промотивна турнеја низ Европа. Маскотите Мираитова и Сомеити до крајот на април ќе посетат шест европски града – Барселона, Париз, Бон, Атина, Лондон и Лозана. За време на турнејата, организаторите велат дека Мираитова, кој е во сина боја, и Сомеити, чиј розов дизајн е инспириран од цветовите на црешата, ќе се обидат да ги „зголемат возбудата и ентузијазмот за Игрите“, кои почнуваат на 24 јули. На пригодното испраќање на маскотите, со видеопорака се приклучи и пејачот на американската поп-група „Бекстрит бојс“, Хјуи Дороу (46), облечен во традиционално јапонско сако во боите на Токио 2020. Групата е многу популарна во Јапонија. Подготовките за ЛОИ се во завршна фаза, во тек се завршните тест-натпреварувања пред пристигнувањето на олимпискиот факел, на 20 март.