Одложени првите две трки во Мото ГП

88

Првите две трки во годинашната сезона во класата Мото ГП, во Катар, в недела, и во Тајланд на 22 март, се одложени поради ограничувањата за патниците од Италија поради опасноста од коронавирусот. Шестмина врвни возачи во Мото ГП се Италијанци, а некои екипи се со седиште во таа земја. Трките во класите Мото 2 и Мото 3 ќе се возат викендов, бидејќи екипите беа во Катар на претсезонските тестови.

На глобално ниво, над 86.000 луѓе се заразени со коронавирус, најмногу во кинеската провинција Хубеи. Италија е најтешко погодената земја во Европа, со 34 смртни случаи и околу 1.690 заразени. Во Северна Италија единаесет града, со над 55.000 луѓе, се во карантин. Училиштата, универзитетите и кината се затворени, а откажани се и повеќе јавни настани.