Одложена е уште една голема летна спортска манифестација за годинава

32

Како последица од пандемијата на коронавирусот, првпат по Втората светска војна е откажан и тенискиот гранслем-турнир Вимблдон. По Европското првенство во фудбал и Летните олимписки игри, Вимблдон е уште една голема летна спортска манифестација што се одложи поради опасноста на која би биле изложени учесниците и посетителите на турнирот. Предвидениот датум за одигрување на 134-то издание на престижниот тениски турнир беше од 29 јуни до 12 јули. Во официјалното соопштение од организаторите пишува дека сите што купиле влезници ќе можат да си ги добијат парите назад или да им бидат заменети со влезници за Вимблдон в година. По одлуката за одложување, со соопштение излегоа и Здружението на тениски професионалци и Женската тениска асоцијација дека сите натпреварувања се суспендираат до 13 јули, а бодовите за ранг-листите ќе бидат „замрзнати“ како и досега.