Нови недоразбирања во македонското пливање

331
Фото: Пливачка федерација на Македонија

Повторно има нови бранувања во македонското пливање. Минатиот месец, по барање од повеќето пливачки клубови во Скопје, се одржа вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) на кое беше сменет претседателот, Александар Маленко, и на негово место беше избран нов, Александар Филипчев. На тоа Собрание беше променето и името на ПФМ, во Национална пливачка федерација (НПФ).

Во меѓувреме, Маленко како претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ), со група пливач(к)и е на Светското првенство (СП) во Гванжу, Кореја, откако управниот одбор на Светската пливачка федерација (ФИНА) на седницата од 10 јули го прифатила и го усвоила барањето на ПФМ за промена на името, односно новото официјално име да биде Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ)!

На ова реагираа од НПФ, истакнувајќи дека Маленко ги манипулира македонската јавност и ФИНА, дека не е регистриран правен субјект под име ПФСМ и оти против него е поднесена кривична пријава за измама и злоупотреба. Л.Д.