Новата повреда на Надал го враќа Ѓоковиќ на чело на АТП листата

78

Шпанскиот тенисер и сѐ уште прв светски рекет Рафаел Надал кој вчера не го одигра мечот против Вердаско на Мастерсот во Париз, изјави дека не сакал да ризикува со повредата.

– Почувствував болка во стомакот при сервис на загревање. Се консултирав со лекарот кој ми рече дека повредата може да се влоши доколку го играм мечот. Можеби можев да играм, ама не сакав да ризикувам. Ова беше тешка година за мене и сакам да избегнам такви работи – изјави Надал.

Шпанецот од понеделник ќе му го отстапи лидерското место на АТП ранг листата на Новак Ѓоковиќ, без оглед на пласманот на Србинот во француската престолнина.

Ѓоковиќ попладнево во осминафиналето игра против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.