Мик Шумахер ќе тестира со Ферари во Бахреин

103

Синот на легендарниот пилот на Ф1, Михаел Шумахер – Мик ќе одржи прв тест во Формула 1 со тимот на Ферари следната недела, објавија бројни светски медиуми.

Германскиот пилот ќе вози болид на Ферари во Бахреин следниот вторник, а ден подоцна ќе го тестира и автомобилот на Алфа Ромео.

Следниот викенд, 20-годишниот Шумахер ќе запише официјално деби во Формула 2 на патеката „Сахир“ во Бахреин. Од јануари, синот на Михаел Шумахер, кој стана европски шампион во Формула 3 во 2018 година, е дел од Академијата за млади пилоти на Ферари.

Во мај, во Шпанија ќе се одржат дводневни тестови за млади пилоти, а веројатно и Мик Шумахер ќе учествува во нив.