Мејведер заработил повеќе отколку Меси и Роналдо заедно

236

Според „Форбс“, боксерот стана трет со вкупна заработка од над една милијарда долари, по Мајкл Џордан и Тајгер Вудс

Американскиот боксер Флојд Мејведер четврти пат во минатите седум години е најдоброплатениот спортист според финансискиот магазин „Форбс“, по борбата против Конор Мекгрегор. Мејведер заработил 275 милиони долари од минатогодишниот меч против ирскиот борец во мешани боречки вештини Мекгрегор, кој, пак, благодарејќи на таа борба, скокна на четвртото место на листата на „Форбс“.
Вкупната заработка на Мејведер сега се зголеми на над една милијарда долари, со што им се приклучи на американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан и на голферот Тајгер Вудс, кои единствени од спортистите стигнаа до 10-цифрена сума, пишува „Форбс“.
Португалскиот фудбалер и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој беше на врвот на оваа скала на најдоброплатени спортисти во минатите две години, падна на третото место, зад аргентинската фудбалска ѕвезда и член на Барселона, Лионел Меси.
Бразилскиот фудбалер Нејмар, кој во август 2017 година стана најскапиот фудбалер по трансферот од Барселона во ПСЖ, вреден околу 260 милиони долари, е на петтото место. Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, кошаркарите Леброн Џејмс и Стеф Кари, како и Мат Рајан и Метју Стафорд од НЛБ-лигата, се наоѓаат меѓу најдобрите 10 платени спортисти.
На листата ја нема американската тенисерка Серена Вилијамс, единствена жена на оваа листа минатата година.