Меѓународниот ден на шахот ќе се слави на 20 јули

109

На 20 јули ќе го прославиме Меѓународниот ден на шахот, со што ќе се одбележи и 96-годишнината на ФИДЕ, изјави претседателот на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), Аркадиј Дворкович, за интернет-страницата на ФИДЕ.
– Ова е ден за славење на шахот, а ФИДЕ би сакал да ја засили оваа традиција.

Минатата година многумина од вас се придружија на оваа прослава и благодарение на тоа постигнавме огромен успех, многу луѓе и институции „надвор“ од шаховскиот свет ја одбележаа нашата кампања и успеавме да привлечеме повеќе луѓе во нашиот спорт. Оваа година ќе сметаме и на непроценливата поддршка на Обединетите нации и на УНЕСКО. Би сакале да ве поканиме повторно да учествувате на оваа прослава.

Нашиот план за Меѓународниот ден на шахот за 2020 година е едноставен, но амбициозен: сакаме да упатиме апел до членовите на нашата шаховска заедница и да ве замолиме да научите некого како да игра шах за да го одбележите овој ден – рече Дворкович.