Мекларен ќе отпушти 1.200 работници

68

Групата Мекларен ќе отпушти околу 1.200 работници, вклучувајќи и 70, кои се вработени од тимот на Формула 1, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусoт. Компанијата моментално вработува околу 4.000 луѓе, а од 1.200-те луѓе што се вишок, повеќето се од Велика Британија.
Мекларен соопшти дека е сериозно погоден од кризата и дека компанијата работела напорно за да ги намали трошоците и да ги избегне несаканите отпуштања.

– Но сега немаме друг избор, освен да ја намалиме нашата работна сила – изјави извршниот директор на Мекларен, Пол Волш, пренесе Би-си-си.
Автомобилската компанија, која се занимава со производство на автомобили, работи во градот Вокинг, а има и свој технолошки центар во Шефилд.

Во екипата на Мекларен во Формула 1 работат околу 800 луѓе, а се очекува 70 од нив да бидат отпуштени.
Мекларен напредуваше минатата сезона, по реструктурирањето на тимот предводен од Зак Браун. Мекларен го заврши првенството на четвртото место, што е негов најдобар резултат од 2012 година.