Мекларен со специјален дизајн на болидот на Алонсо за Абу Даби

89

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо ќе го запише последниот старт во Абу Даби со специјален дизајн на својот болид. Алонсо најави претходно оваа година дека во сезоната 2019 ќе се одмори од Формула 1, но ја остава отворена вратата за евентуално враќање.

За неговиот последен старт оваа сезона Мекларен додадоа на болидот сина, жолта и црвена, какви што се и боите на неговиот шлем. Заедно со нив, Мекларен поставиле отстрана на болидот и специјално лого на Шпанецот – „FA“.

– Ние сме неверојатно горди што можеме да му го обезбедиме овој болид на Алонсо. Сакаме последната негова Гран При трка да биде посебна на некаков начин и ова беше еден од начините. Работевме тесно со Фернандо, а потоа и со ФИА и сопствениците на Формула 1 за овој уникатен дизајн. Сите не поддржаа, изјави шефот на Мекларен, Зак Браун.

Првпат, уште од Гран При на Португалија во 1986 година, Мекларен користат различен дизајн од актуелниот во таа сезона.