Медведев ќе се бори за трофејот на завршниот мастерс

326

Рускиот тенисер Данил Медведев е вториот финалист на завршниот мастерс во Лондон откако вечерва го победи Рафаел Надал со 3-6, 7-6 и 6-3 по сетови во меч што траеше два часа и 35 минути.

Надал во вториот сет сервираше за победа, но Медведев успеа да го врати брејкот и да го добие сетот во тајбрејк, а потоа го освои и третиот сет за да слави. Рускиот тенисер ги доби сите четири меча во Лондон, редум совладувајќи ги редум Александар Зверев, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман (сите без загубен сет) пред да триумфира и против Надал.

Медведев во финалето ќе се сретне со Доминик Тим (од 15 часот), кој претходно обезбеди учество во мечот за трофејот со победата над Ѓоковиќ од 7-5, 6-7 и 7-6 по сетови.