Махомс го предводеше Канзас Сити до сензационален триумф во Супербоулот

47

Канзас Сити чифс ги победија Сан Франциско фортинајнерс со 31-20 во Супербоулот во НФЛ-лигата во американски фудбал. Ова е втор трофеј за Канзас Сити, прв по пауза од 50 години. Финалето на 54-от Супербоул се одигра во Мајами.

Она што не им успеа минатата година им успеа оваа. Играчите на Канзас имаа негатива од 10-20, на влезот во четвртата четвртина, но тогаш проработе нивниот напад, а Патрик Махомс покажа дека моментно е најдобриот квотербек во лигата.

Решавачкиот момент се случи во средишницата на последната четвртина кога Махомс имаше додавање од 45 јарди, на третиот обид на 15 јарди кон Тајрик Хил. Потоа следуваше тачдаун за 20-17.

Махомс мечот го заврши со импресивни 286 јарди и две додавања за тачдаун и истрчани 29 јарди. Еден од хероите на Канзас е и Демијен Вилијамс со истрчани 104 јарди и 29 фатени топки. Тој имаше еден истрчан и еден спречен тачдаун.