Марко Блажевски со нов државен рекорд на 100 градно

82

Македонскиот пливачки олимпиец од Лондон 2012 и од Рио 2016 година, Марко Блажевски, постави нов државен рекорд на 100 метри градно, 1:02,88 минути, во утринските квалификации на митингот во Бањалука, БиХ.

Стариот рекорд кој изнесуваше 1:03,00 минути, беше на Блажевски.

Попладнево тој ќе плива во финалето на 100 метри градно, а утре на пократката патека, на 50 метри градно.

Л.Д.