Макпетрол најтрофеен на Првенството на Македонија

71
Александар Неделковски беше најдобар во кати

Макпетрол е најуспешниот карате-клуб на Сениорското првенство на Македонија, кое се одржа викендов во Скопје, со вкупно 12 освоени медали (седум златни, еден сребрен и четири бронзени). Веднаш зад него е Олимпик спорт, со седум медали (2/3/2), а следуваат Штип (1/1/2) и Фунакоши Гичин (1/-/3) со по четири, Фати со три (-/1/2), Металург (1/1-), Кеикс (-/2/-) и Гладијатор (-/1/1), сите со по две итн. На првенството, на кое не настапи најдобриот македонски каратист Емил Павлов, учествуваа вкупно 78 каратисти и каратистки во дисциплините борби и кати.

Вчера беше предвиден плејофот, по кој селекторот на македонската репрезентација во борби Сашко Арсовски треба да ги одреди патниците за Европското првенство (ЕП) во Баку, Азербејџан (25-29 март), како и за олимписките квалификации во Париз, Франција (8-10 мај).

Прваци на Македонија во борби, по категории, станаа; до 50 кг Сара Радичевска (Макпетрол), до 55 кг Симона Заборска (Макпетрол), до 61 кг Вероника Костовска (Олимпик Спорт), до 68 кг Ангела Мојсовска (Макпетрол), над 68 кг Моника Стефановска (Макпетрол), до 60 кг Абдурахим Идризи (Макпетрол), до 67 кг Фаик Весели (Олимпик Спорт), до 75 кг Ненад Келебиќ (Цветан Димов), до 84 кг Берат Јакупи (Асиарт), над 84 кг Жарко Арсовски (Штип). Во кати на највисокиот подиум се искачија: Александар Неделковски (Металург) и Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин). Екипно, во борби во машка и женска конкуренција, прв беше Макпетрол.