Македонските шахисти и шахистки убедливи против Брунеи и Свазиленд

267

Македонската машка и македонската женска шаховска репрезентација со максимални победи од 4-0, денеска стартуваа на 43-та Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија.

Мажите кои овде се рангирани 43-ти (2.514 просечен рејтинг), од 185 селекции, славеа против аутсајдерот Брунеи (2.036, рангиран 133-ти), додека жените, рангирани 58-ми (2.039) од 151-селекција, против Свазиленд (1.257, исто така рангирани 133-ти). И двете поразени селекции објективно беа и аутсајдери пред почетокот на партиите.

Цел поен за шахистите освоија ВМ Владимир Георгиев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев и ИМ Никола Николовски, додека кај шахистките Бојана Бејатовиќ, ЖИМ Габриела Коскоска, Драгана Николовска и Катерина Петровска.

Новите олимписки победници ќе бидат познати по одигрувањето на 11-то коло.

МАКЕДОНИЈА – БРУНЕИ 4-0

ВМ В. Георгиев (2.479) – Мохд (2.125) 1-0

ИМ Панчевски (2.489) – Омар (2.125) 1-0

ВМ Недев (2.496) – ФМ Азахани (1.991) 1-0

ИМ Николовски (2.388) – Шарикан (1.712) 1-0

МАКЕДОНИЈА – СВАЗИЛЕНД 4-0

Бејатовиќ (2.057) – Носимило (1.362 1-0

ЖИМ Коскоска (2.026) – Т. Дламини (1.362) 1-0

Николовска (1856) – Н. Дламини (1.239) 1-0

Петровска (1.966) – Нокутхула (1.053) 1-0