Македонските одбојкари убедливи во важниот дуел против БиХ

74
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Одбојкарската репрезентација на Македонија повторно ја совлада БиХ во квалификациите за Европското првенство годинава, овојпат со 3-0 (25-20, 26-24, 25-13 по сетови) откако во првиот меѓусебен меч беше подобра со 3-1.

Утре на програмата е дуелот Турција – БиХ, а квалификацискиот турнир се заокружува со мечот Македонија – Турција в сабота.

Македонија моментно е на второто место во групата Ц која се игра во Скопје, со шест бода од три одиграни средби. Исто толку бодови има и водечката Турција, но од два меча.

Првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи ќе играат на ЕП, како и петте второпласирани со најдобар ефект.