Македонските одбојкари загубија од европскиот првак Русија

149

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево го загуби и третиот натпревар во групата Ц на Европското првенство (ЕП), кое се одржува во Љубљана (Словенија). Очекувано подобри од македонските одбојкари со максимални 3-0 (13-13, 16-25, 28-30), беше актуелниот европски првак Русија.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ, беа на прагот да го освојат третиот сет, но по поголема борба, сепак пресуди искуството на руските одбојкари, кои го добија по голема борба со 30-28.

По три одиграни меча, Македонија и понатаму е без бодови последна на табелата. Како што е познато, во 1-то коло загуби од Финска со 1-3, а во 2-то од Турција со 0-3.

В понеделник е четвртиот меч против Белорусија, а во вторник петтиот и последен во групата против домаќинот Словенија на кои ќе се бара шанса за победи.

ТАБЕЛА, ГРУПА Ц

Русија 1 1 0 9-2 9

Словенија 1 1 0 3-0 3

Финска 1 1 0 3 3-1 3

Турција 2 1 1 4-3 3

Белорусија 2 0 2 1-6 0

Македонија 3 0 3 1-9 0