Македонска експедиција го искачи врвот Дамаванд во Иран

46

Четиричлена македонска планинарска експедиција успешно го искачи врвот Дамаванд, кој со 5.671 метар надморска височина е највисокиот врв на Иран и највисок вулкански врв на Евроазискиот континент.

Успешното искачување македонската експедиција составена од планинарите Иван Трпков, Александар Ивановски, Пеце Караболов и Боби Цветков го направи вчера на 24 јули.

Четворицата планирани се членови на Планинарскиот спортски клуб „Димитар Илиевски Мурато“ од Битола.