Македонија – Франција во јули?

82

РАКОМЕТ – АЛТЕРНАТИВНИ ДАТУМИ НА ЕХФ ЗА СИТЕ МЕЧЕВИ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) излезе со алтернативен предлог-распоред на натпреварите во случај ситуацијата со пандемијата на коронаварусот да се среди во следните два месеца. ЕХФ најави дека под нејзина капа нема да се организираат натпревари во април и во мај, а ако се обезбедат сигурни и здрави услови за сите натпреварувањата, би продолжиле во јуни. Така, осминафиналните дуели од Лигата на шампионите би се играле од 3 до 7 јуни, четврт-финалето би било од 24 до 28 јуни, а фајналфорот на 22 и 23 август. Оваа одлука ЕХФ треба ја потврди најдоцна до 15 мај.
ЕХФ најави нови датуми и за репрезентативните натпреварувања. Така, женската репрезентација на Македонија, наместо на 26 и 29 март, дуелите од квалификациите за ЕП 2020 против Португалија ќе ги игра во јуни, но ЕХФ додаде уште две кола во тој термин, па во пет дена македонските репрезентативки ќе треба да одиграат четири меча, два со Португалија и по еден со Чешка и со Шведска. Алтернативните датуми за баражот за пласман на СП 2021 за мажи (Македонија игра со Франција) се од 29 јуни до 5 јули, за што се чека потврда од Светската ракометна федерација.