Македонија со шестмина спортисти на Младинските олимписки игри

72

Шестмина спортисти во шест спорта (атлетика, карате, џудо, пливање, таекводно и борење) придружувани од шестмина тренери ќе учествуваат на третите Младински олимписки игри (МОИ) од сабота до 18 октомври во Буенос Аирес (Аргентина). На овие МОИ ќе настапат околу 4.000 спортисти од 206 земји.

Македонија ќе ја претставуваат: Берат Мустафа (атлетика, тренер: Беџет Точи), Фахик Весели (карате, тренер: Александар Кузмановски), Хамза Јашари (џудо, тренер: Игор Паскоски), Миа Крстевска (пливање, тренер: Јане Карајованов), Анамарија Георгиевска (таеквондо, тренер: Борче Костовски), Драган Велинов (борење, тренер: Суфијан Исмаили). Македонската делегација во Буенос Аирес ќе ја предводи спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богоевски.