Лауда започна со физикална терапија

90

Легендарниот шампион во Формула 1, Ники Лауда започна со физикална терапија, соопшти австриски „ОЕ 24“.

Лауда закрепнува по трансплантацијата на белите дробови извршена претходниот месец.

Во четвртокот и петокот Ники имаше кратка криза поврзана со бубрезите по што беше ставен на дијализа. Во текот на викендот тој беше целосно стабилизиран и проблемот се надмина.

Тој сė уште се наоѓа во одделот за интензивна нега на виенската болница каде беше опериран. Радува фактот што веќе дише сосема сам и може да разговара.

Според лекарскиот тим Лауда нема да може да патува со авион следните шест месеци и што значи дека најверојатно трикратниот шампион на трибините на трка најрано ќе го видиме на почетокот на сезоната 2019.

Лауда веќе има и трајна забрана да посетува јавни базени, сауни и спа, како и да избегнува животни.