Кристоферсен нов светски шампион во велеслалом

54

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на велеслаломот на Светското првенство во шведски Оре. За норвешкиот скијач ова е прв мундијалски медал, информира МИА.

Воедно, Кристоферсен на својата земја и го донесе шестиот златен трофеј од Светските првенства.

Времето на победникот по двете трки изнесуваше 2:20.24 минути, односно 20 стотинки побрзо од големиот фаворит Марсел Хиршер од Австрија.

Третото место и бронзениот медал се за водечкиот по првата трка, Французинотр Алексис Питуро кој забележа вкупно време 2:20.66.

На денешното натпреварување се појави и македонскиот скијач Лука Божиновски кој заврши на 63.место по првото возење и не обезбеди учество во втората трка каде се квалификуваа првите 30.

До крајот на Мудијалот во алпско скијање во Оре остануваат уште слаломските трки во женска и во машка конкуренција предвидени да се возат утре и задутре.