Коронавирусот ја одложи и Ф1-трката во Шангај

56

Како резултат на ширењето на коронавирусот, одложена е и кинеската гранпри-трка во Формула 1, која требаше да се одржи на 19 април во Шангај, Кина. Кинескиот промотор на трката поднел официјални барања до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Автомобилската федерација на Кина и Управата за спортови на Шангај за одложување на трката. Барањето е прифатено како превентивна мерка за заштита на здравјето и безбедноста на возачите, официјалните лица и навивачите. Во соопштението на Формула 1 стои и дека промоторот на трката и ФИА ќе останат во контакт со тимовите и со локалните власти за одредување потенцијален алтернативен датум за одржување на трката, во текот на годината.

Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) ги одложи до април сите куп-натпревари што требаше да се одиграат во Источна Азија, поради загриженоста од коронавирусот. Прелиминарните мечеви, плејофот и мечевите во групната фаза ќе се играат од 7 април натаму.