КК Анималс најуспешен на домашен терен

182
Леонида Гроздановска

КК Анималс освои две први, три втори и едно трето место, а поединечно, на „Октомврискиот коњички турнир“ и во третото коло на Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки, најуспешен со две први места (класа А и Б) беше Дарио Гроздановски

КОЊИЧКИ СПОРТ

Членот на КК Анималс, Дарио Гроздановски, со две победи (класа А и Б), остварени со своето грло Парадизо Силвано е најуспешен натпреварувач на „Октомврискиот коњички турнир“ и во третото коло на Отвореното првенство на Македонија за годинава во прескокнување пречки. По едно прво место освоија Самир Реџепи (плус и по едно второ и трето место) и Ева Димитриевска. Екипно домашниот клуб КК Анималс освои две први, три втори и едно трето место, пред КК Бравадос со две први, едно второ и три трети места.
Според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, на програмата беа четири натпревари (класи А, Б, Ц и Д, со висина на пречките од 90 см до 1,20 м, кои беа во организација на КК Анималс, а се одржаа во населбата Дрма – Идризово (Скопје). За сезонава остана да се одржи уште последното, четврто коло.