Каруана е најблиску до мечот за светската круна

214

Американскиот велемајстор (ВМ) Фабијано Каруана (2.784 рејтинг-поени), води со пет поени (без пораз), по првиот круг, односно седумте кола на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот шаховски првак Магнус Карлсен, во Берлин.

На половина од турнирот Каруана има најмногу победи (три), Ерменецот Левон Аронијан и Американецот Весли Со пак најмногу порази (по три), а најмирољубив во Берлин е членот на ШК Алкалоид, Кинезот Лирен Динг, кој сите седум партии ги ремизира. Без пораз се и Каруана и Мамеѓаров. Повеќе, секако, се очекуваше од поранешниот светски првак, Владимир Крамник, последниот предизвикувач Сергеј Карјакин и од Левон Аронијан.

Во 7-то коло Каруана го победи Аронијан (37 потег), додека Карјакин ја оствари првата победа, совладувајќи го Со (40). Ремизираа Гришчук и Мамеѓаров (16), како и Крамник и Динг (74). Во вчерашното осмо коло играа: Гришчук – Крамник, Со – Каруана, Динг – Аронијан и Мамеѓаров – Карјакин.

ТАБЕЛА: Каруана 5, Мамеѓаров 4,5, Динг 3,5, Гришчук 3,5, Крамник 3,5, Карјакин 3, Аронијан 2,5, Со 2,5 поени.