Карлсен го патира Тари

158

ШАХ – ТУРНИР ВО ВАЈК АН ЗЕ

Магнус Карлсен, Пентала Харикришна, Аниш Гири, Фабијано Каруана и Нилс Гранделиус водат со по два поена, по третото коло (се играат вкупно 13) на 89-то издание на шаховскиот турнир во Вајк Ан Зе (Холандија), со силина од 21. категорија (2.725 поени просечен рејтинг на играчите). Цел поен освоија Харикришна и Фирузја. Светскиот првак Карлсен, кој има рекордни седум триумфи во Вајк Ан Зе, го патира (позиција кога противникот не може да одигра потег, а не е шах), со бели фигури (во 56-от потег), во еднаква позиција со по еден пешак, Ариан Тари, па и двајцата освоија по половина поен.
Резултати, трето коло: Есипенко – Вашер-Леграв реми, Гранделиус – Харикришна 0-1, Каруана – Дуда реми, Гири – Донченко реми, Војташек – Ван Вели реми, Карлсен – Тари реми, Фирузја – Гуљаро 1-0. Табела: Харикришна (2.732 рејтинг-поени), Карлсен (2.862), Гири (2.764), Каруана (2.823), Гранделиус (2.663), по два поена, Ван Форест (2.671), Вашер-Леграв (2.784), Есипенко (2.677), Фирузја (2.749), Војташек (2.705), по 1,5, Дуда (2.743), Гуљаро (2679), Тари (2.625) по еден и Донченко (2.668) 0,5 поени.