Карлсен во првата фаза на својот интернет-турнир ги победи полуфиналистите

165

Светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен, Американците Хикару Накамура и Фабијано Каруана и Кинезот Динг Лирен, на едно коло до крајот од првата фаза веќе се квалификуваа во полуфиналето на шаховскиот интернет-турнир вреден 250.000 долари (победникот ќе добие 70.000 долари).

Играат осум шахисти, а во организација на Карлсен. Секој шахист има време за размислување по 15 минути за секоја партија, со дополнителни 10 секунди за секој одигран потег, а партиите можат да се следат на интернет-страницата „Чес24“, која е во сопственост на Карлсен.

За победа се доделуваат три бода, во случај на тајбрејк два бода за победникот и еден за поразениот. Во полуфиналето ќе играат првиот со четвртиот и вториот со третиот, но тоа ќе се знае по последното коло (денеска), во кое се среќаваат Динг – Карлсен, Непомијашчи – Фирузја, Вашер Лаграв – Накамура и Гири – Каруана.

Карлсен ги победи сите, освен Холанѓанецот Аниш Гири (1,5-2,5), Накамура загуби од Карлсен (2-3) и од Иранецот Алиреза Фирузја (2-3), Каруана беше поразен само од Карлсен (1-3), Динг загуби од Каруана (2-3) и од Накамура (2-3), а ремизира (2,5-2,5) со Гири.

Моментална табела: Карлсен (2.881 рејтинг-поен), Накамура (2.829) и Каруана (2.773) по 13 бода, Динг (2.836) 12, Фирузја (2.703) и Непомнијашчи (2.778) по шест, Вашер-Лаграв пет (2.860) и Гири (2.731) четири. Г.И.